Medium3

Вистинско место за Ваш уникатен и ефикасен бизнис идентитет и
веб апликации кои ги задоволуваат Вашите потреби

За нас


Медиум3 е професионално дизајн студио составено од веб консултанти, креативни графички дизајнери, програмери. Ориентираноста кон корисниците и врвните познавања од областите на информатиката, интернетот, маркетингот и дизајнот, овозможува задоволување на потребите на нашите клиенти.

Темелна вредност на нашето студио е практицирањето на определбата за трансфер на бизнисите на интернет, преку разни форми и модели, со крајна цел зголемување на бизнис перформансите на компаниите. При тоа, особен акцент ставаме на дизајнот на нашите веб решенија со цел тие уникатно и креативно да ја претстават Вашата компанија.

Нашиот бизнис пристап и десет годишното искуство гарантираат изработка на професионални веб решенија, графички дизајн, и задоволство од нашите клиенти.

Нашата мисија: создавање уникатен ефикасен бизнис идентитет за своите клиенти и веб апликации кои ги задоволуваат нивните потреби, преку употреба на современа технологија и интернет комуникации.

Зошто да го изберете Медиум3?

Со Медиум3 добивате сигурен партнер за развој на вашиот бизнис, со кој лесно ќе можете да контактирате и да ја остварите Вашата цел.

Се покажува дека компаниите како Медиум3 се подобри партнери за развој на бизнис идеиите како во однос на намалување на трошоците, така и во подобра комуникација.

Со Медиум3 добивате:

  • Флексибилност
  • Одлична комуникација
  • Квалитетни крајни производи
  • Поддршка и консултации

Услуги


Веб сајтови и веб апликации

Како професионално веб студио нудиме специјализирани веб решенија во зависност од замислите и желбите на клиентите, но и најважно од се како готови решенија ги предаваме брзо и навремено. Без разлика дали сте мала и голема компанија, Медиум3 може да Ви помогне при Вашето присуство на интернет, со изработка на веб решенија кое ќе ги задоволи Вашите барања и барањата и очекувањата на клиентите.

Ако Вашата цел е презентација на информации, производи, е-commerce или било какви други online услуги, тогаш со сигурност ви тврдиме дека посетителите на Вашиот веб сајт ќе уживаат во интуитивно, уникатно и најважно од се лесно за користење веб решение. Сето тоа го постигнуваме со комбинација на стручноста на нашите графички дизајнери, специјализирани програмери, бизнис менаџерите итн.
Зависно од потребите, нашите веб решенија вклучуваат и софтвер за ажурирање на содржините на Вашиот веб сајт, наречено Content Management System – CMS.

Нашиот софтвер за ажурирање на содржините Ви нуди комплетна контрола на целиот портал. Може да креирате и внесете нови производи/услуги, нови содржини итн.

Исто така, сите веќе креирани страници можат да бидат едитирани во едноставна и лесна за користење апликација (многу слична со користењето на Microsoft Word) и сето тоа само преку Вашиот интернет прелистувач (без потреба од дополнителен софтвер).

Нашите веб решенија ги вклучуваат следниве параметри:

  • Изработка на професионален и уникатен графички дизајн
  • Имплементација на база на податоци: Microsoft MySQL, MS SQL, Microsoft Access
  • Професионално и оптимизирано програмирање: php, ASP, JAVA, JavaScript
  • Пријавување на светски познатите пребарувачи, како и оптимизација на веб решението со цел да биде секогаш меѓу првите резултати од пребарувањето

Веб сајтот може да ги искористи и надополни сите постоечки облици на промоција кои сте ги практикувале досега. Но нуди и потполна нова димензија на претставување на информациите. Динамичност, поврзување и претставување на мултимедијални содржини кои се невидени досега.

Графички дизајн

Во модерното информациско општество секојдневно доаѓаме во допир со огромен број на визуелни пораки и информации. Графичкиот дизајн е начин на визуелна комуникација во кој се користат текст и слики за да се презентираат информациите на најдобар можен начин.

Нашиот тим од креативни и иновативни графички дизајнери изработува професионални, уникатни и инспиративни графички решенија и материјали. Како кориснички ориентирано студио Медиум3 во целост ги исполнува и реализира вашите барања и потреби за да се постигне максимален успех и реализација во посакуваната цел – успешна комуникација со целната група и  визуелна презентација на вашите информации, услуги и производи.

Нашиот тим на графички дизајнери професионално изработува и дизајнира секаков вид на графички материјали како постери, брошури, рекламни материјали, промотивни материјали, илустрации, логоа, бизнис картички итн.

Деловен идентитет

Деловниот идентитет вклучува изработка на комплетно решение за бизнис корисниците и компаниите. Комплетниот деловен идентитет вклучува изработка на: Лого, Бизнис картички, Меморандуми, Дизајн на пликоа, Дизајн на папка.

Лого

Логото е првата причина за креирање на деловен идентитет. Професионално осмислено и визуелно привлечно лого е еден од основните предуслови за примамување на повеќе клиенти. Медиум3 изработува импресивни логоа користејќи различни стилови, а притоа запазувајќи ги насоките и областа на дејствување на нашите клиенти.

Бизнис (визит) картички

Како дел од деловниот идентитет се бизнис картичките. Медиум3 располага со неограничени можности при изработката на овој тип на деловен идентитет. Решенијата се уникатни, професионални и визуелно привлечни.

Портфолио


Контакт


Адреса
Студио Медиум Креатива ДОО Скопје
Друштво за информатички услуги
адреса: Кеј 13 Ноември бр.36, 1000 Скопје
Т: +389 (70) 494333
Email: kontakt [at] medium3.mk
Побарајте не и на: